Mustafa Deveci
22 Август 2022•Ажурирај: 23 Август 2022
КИЕВ - Високопозициониран украински разузнавач пронајден е мртов во својот дом во текот на викендот во централна Украина, известуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Александар Наконечни, шеф на украинската разузнавачка служба СБУ во регионот Кировоград, доцна навечер во саботата, пронајден е мртов во својот стан во градот Кропивницки од страна на неговата сопруга. Како што се наведува во објавените вести, Наконечни починал од ранување со огнено оружје.
Канцеларијата на главниот обвинител на Украина ја потврди смртта на Наконечни, а полицијата започна истрага во врска со инцидентот.
Локалниот политичар Андри Лаврус на социјалната мрежа Телеграм објави дека Наконечни пукал во себе.
Надлежните органи не го потврдија ова тврдење.