İlkay Guder
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ХАМБУРГ (АА) - Во вториот ден од Самитот на лидерите на Г20 кој се одржува во центарот за конференција Месе во германскиот град Хамбург претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган се состана со рускиот претседател Владимир Путин. На средбата, претседателот Ердоган истакна: „Пред се, очекувањата во регионот за Сирија и Ирак се многу големи. Јас од овој асект и давам голема важност на нашата средба. Во мое име и во името на мојот народ ви се заблагодарувам за волата што ја покажавте досега“, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата Ердоган беше придружуван од вицепремиерот Мехмет Шимшек, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак, шефот на разузнавачката служба, Хакан Фидан, како и од заменик генералниот секретар и гласноговорник на турското претседателството, Ибрахим Калин.
„Пред се се соочуваме со еден многу различен самит на Г20“, истакна Ердоган во делот на почетокот на средбата кој беше отворен за медиумите.
Ердоган укажа на позитивните резултати во регионот кои ги даваат односите меѓу Турција и Русија.
„Навистина верувам дека претставува пример за народот во регионот, за светот. Очекувањата се големи“, рече Ердоган, и додаде дека зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји, ќе биде во корист на жителите на двете земји.
- „Очекувањата во регионот се многу големи“
Ердоган истакна дека верува оти активностите во економијата, туризмот, и одбранбената индустрија ќе ги доведе односите меѓу Турција и Русија во една поцврста положба.
„Пред се, Сирија и Ирак, очекувањата за ова во регионот се многу големи. Јас од овој асект и давам голема важност на нашата средба. Во мое име и во името на мојот народ ви се заблагодарувам за волјата што ја покажавте досега“, рече претседателот Ердоган.
Путин: Благодарејќи на улогата на Турција и напорите на Ердоган состојбата во Сирија оди кон подобро
Путин во текот на состанокот, нагласи дека, благодарејќи на напоридте кои се вложени во последните неколку години, турско-руските односи се доведени на едно значително ниво.
„Решени се многу проблеми кои се наоѓаа во интересните сфери н нашите земји", рече Путин.
Рускиот претседател исто така нагласи дека состојбата во Сирија оди кон подобро, благодарејќи на улогата на Турција и напорите на тускиот претседател Ердоган.
„Благодарејќи на улогата на Турција, состојбата во Сирија оди кон подобро. Исто така, направени се големи чекори кога е во прашање борбата против тероризмот", подвлече Путин.
Од руската страна, присуствуваа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, гласноговорникот на Кремљ Дмитриј Песков, советникот во Кремљ за надворешна политика Јуриј Ушаков, министерот за енергетика Алексадар Новак и министерот за економски развој Максим Орешкин.