САРАЕВО (AA) - Во Сараево ги препознавам обрисите на животот исполнет со етничка,верска и јазична различност која ја имаме и ние во Макеоднија. И поради тоа, мораме да му се заблагодариме на Иса-бег Исхаковиќ, еден од најголемите градители на заедничкииот културен и цивилизациски простор на Балканот, порача претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов на кој вечерва му е доделена меѓународната награда Иса-бег Исхаковиќ за 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Комитетот на Меѓународната награда Иса-бег Исхаковиќ во Народниот театар Сараево ја одбележа 10. годишнина од своето работење и постоење. Во рамките на одбележување на јубилејот одржана е свечена церемонија на доделување на наградата која го носи името на втемелителот на босанско-херцеговската престолнина Сараево, Иса-бег Исхаковиќ.
Свеченоста во име на Комитетот ја отвори Вјекослав Герц, кој одбележувањето на 10 години работење и постоење, го нарече како големо достигнување и напомена дека Комитетот за доделување на нагрдата беше сочинет од истакнати академски граѓани на БиХ, кои се лишени од политичко или било кое друго влијание, а наградата е дело на аадемскиот вајар Адис Фејзиќ.
Организаторите пред доделувањето на наградата порачаа дека во поглед на самиот лауреат станува збор за хуманост, чија севкупна работа е насочена градење на демократијата во поделени општества, како и на еден од најагилните регионални лидери во контекст на регионалната соработка и помирување.
„Навистина е голема чест да се прими Меѓународната награда Иса-бег Исхаковиќ. Сакам да ја изразам својата искрена благодарност на Комитетот за оваа награда која ја прифаќам како признание за Република Македонија и македонските граѓани. Зошто ова признание е толку важно? Затоа што му е посветено на големиот визионер кој зад себе оставил материјални и духовни мостови на мир, соживот и соработка", порача македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
Иванов истакна дека на Балканот е отворен просторот на мирот и соживотот со директно учество на визионерите како што е Иса бег- Исхаковиќ.
„Знаеме дека го обнови Сараево од темел. Но исто така знаеме дека, пред да ги изгради Сараево и Нови Пазар, Иса-бег ги усовршуваше своите градежни способности во Скопје.Тој изгради многу згради кои со векови ја претставуваат сржта на општествениот, економски, верски и образовен живот во Скопје", истакна македонскиот претседател.
Иванов додаде дека Иса-бег успешно го транспонирал моделот на квалитетен и функционален градски живот во Скопје во градските центри во Сараево и Нови Пазар.
„Можеби поради тоа секој пат кога доаѓам во Сараево, се чувствувам како дома. Во Сараево ги препознавам обрисите на животот исполнет со етничка,верска и јазична различност која ја имаме и ние во Макеоднија. И поради тоа, мораме да му заблагодариме на Иса-бег Исхаковиќ, како еден од најголемите градители на заедничкиот културен и цивилизациски простор на Балканот", порача Иванов.
Понатаму, Иванов истакна дека денес, пет векови по Иса-бег Исхаковиќ, во еден дел од Балканот сме сведоци на повторно присуство на неутрална сила, со единствен пазар, валута и код на комуникација а тоа е суперсилата на начинот на живот, како што рече, тоа е Европската унија.
„Унијата се темели на начела на демократијата, владеење на правото, човековите права и правата на малцинствата, фунционална пазарна економија и хармонизација со европското законодавство. Со други зборови, она што беше системот на Милет во Отоманското царство, политичките, економските и правните критериуми од Копенхаген се во Европската унија. Ова е важна задача првенствено во рацете на лидерите на балканските земји кои се веќе дел од Европската унија. Тие, но и сите ние заедно, имаме заедничка одговорност кон нашиот регион, на кој му ги должиме нашите идентитети, култури, нашите специфичности", порача Иванов.
На крајот подвлече дека е заедичка одговорност на сите држави на Балканот да ја негуваат врската која ја воспоставија визионерите од минатотото, да останат верни на нивниот градителски дух.
„Како регион имаме се што ни треба. Имаме ресурси, традиција, наследство, креативни луѓе. Единствено што ни е потребно е одговорно раководство. На нашиот регион му требаат повеќе одговорни лидери кои ќе ги надминат ограничените етнички, верски и идеолошки рамки, да го изградат и реформираат нашиот регион низ дијалог, помирување и доверба", заклучи Иванов.
На вечерашната свеченост присуствуваа околу 400 поканети гости кои имаа прилика да уживаат во настапот на Македонската филхармонија.
На манифестацијата во Народниот театар присуствуваа многубројни поканети од општествено- политичкиот живот меѓу кои беше и претседателот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ.
Минатата година оваа награда Комитетот на Меѓународната награда Иса-бег Исхаковиќ ја додели на претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, а ова престижно признание помеѓу останатите го има добиено и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Словенија Борут Пахор, претседателот на Австрија Хеинз Фишер, Стипе Месиќ, поранешен претседател на Хрватска ...
news_share_descriptionsubscription_contact
