Emel Öz Gözellik
09 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја соопшти дека се подготвува за напад на островот Гуам во западниот дел на Тихиот Океан, каде што се наоѓаат воени бази на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на официјалната новинска агенција на Северна Кореја, КЦНА, администрацијата на Пјонгјанг се подготвува за напад на Гуам со балистички проектил „Hwasong-12“ со средно долг дострел.
Медлин З. Бордало, конгресмен за територијата на Гуам, објави соопштение во коешто се наведува дека според информациите добиени од претставниците на Пентагон, Гуам е заштитен и безбеден.
Од друга страна, претставник на Министерството за одбрана на Јужна Кореја истакна дека два борбени авиона на САД од типот „B-1B Lancer“ заедно со авионите на Јужна Кореја реализирале летови за обука над Корејскиот Полуостров.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно ја повика Северна Кореја да не ѝ се заканува на неговата земја, а доколку не се земе предвид овој повик, како што рече тој, Пјонгјанг ќе се соочи со „огнот и бесот на САД“.
„Северна Кореја, за свое добро, не треба повеќе да им се заканува на САД. Ќе се соочат со оган и бес какви што светот не видел досега“, додаде Трамп.