Ekipa
10 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони извршија воздушен напад врз две позиции во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Израел изврши напад врз воена позиција на Хамас во северниот дел на Газа и врз рибарско пристаниште во градот Деир ел Белах.
„Извршен е воздушен напад врз една воена позиција на Хамас во Газа и врз две бротчиња на Хамас“, се наведува во соопштението на израелската војска.
Во него се истакнува дека овој напад е извршен поради запаливите балони и проектил лансирани од Газа кон Израел, за што се наведува дека е одговорен Хамас.
Палестинската страна сѐ уште не даде изјава околу случајот и сѐ уште не се добиени информации околу можни жртви или повредени во нападот.
Израелската војска во последниот период врши напади во Газа како одговор против балоните и змејовите за кои се тврди дека се лансирани од Газа и носат запаливи материи.