Halit Süleyman
30 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
ИДЛИБ (АА) - Синоќа, воени авиони на сириската армија извршиле воздушни напади со вакуум-бомби на северозападот од земјата, во градот Идлиб и над останатите населени места во неговата околина. Во нападите загинаа 20 лица, а 24 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на цивилната заштита во Идлиб, Лејс ел-Фарис, за дописникот на AА изјави дека воени авиони на сириската армија фрлиле вакуум-бомби во населените области, од кои во Идлиб животот го загубиле 7, во Џарџаназ 8, додека во Хан Шејхун загинале 5 цивили, а ранети биле 24 лица.
Фарис изјави: „Под урнатините во населеното место Џарџаназ, кој го бомбардираа авионите на режимот на Асад, спасувачките екипи на цивилната заштита извлекоа голем број детски тела. Во нападот големо оштетување имаше една петкатна зграда. Спасувачките екипи се обидуваат со тешки градежни машини да ги отстранат урнатините“.
Тој соопшти дека ранетите од Џарџаназ биле префрлени во полската болница и дека од нападите е предизвикана голема штета во центарот на Идлиб и во населеното место Хан Шејхун; голем број возила уништени.