Hakan Çopur
30 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама и германската канцеларка, Ангела Меркел, остро ги осудија варварските напади во сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама и Меркел остварија телефонски разговор во кој ги осудија нападите на Русија и силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад во Алепо, каде што живеат стотина илјади цивили, од кои половината се деца.
Според наводите на Белата куќа, Обама и Меркел разговарале за последните случувања во Сирија, но и за моменталната ситуација во Украина.
Беше истакнато дека американскиот претседател и германската канцеларка остро ги осудиле нападите во овој сириски град.
Тие се сложиле дека Русија и сирискиот режим носат посебна одговорност за завршувањето на судирите во Сирија, но и за овозможување на доставата на хуманитарна помош од ОН за подрачјата под опсада.
Обама и Меркел ги повикаа сите страни во Украина да го почитуваат продолжението на прекинот на огнот во таа земја.