Besar Ademi
10 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на кабинетот на вицепремиерот во Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во текот на денешниот и утрешниот ден ќе биде отворена „Првата консултативна работилница за усогласување со целите за одржлив развој на Обединетите нации“, јавува Anadolu Agency (AA).
Работилницата има за цел постигнувањето на консенсуз во однос на приоритетните цели и показателите коишто ќе се сметата за вклучување во меѓународните планови за идниот период.
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, истакна дека преку имплементацијата на овие цели, владата има за цел да создава општество кое се темели на знаење, како и политика која ќе овозможи економски раст и раст на вработеноста.
„Владата на Македонија пред неколку години го оснваше Националниот совет за одржлив развој. Овој совет постигна една интензивна комуникација со Обединетите нации. Многу експерти работат во идентификацијата и утврдувањето на целите и чекорите коишто треба да ги направи Македонија во следните 10-15 години за да успеме да ја искорниме сиромаштјата“, изјви Пешевски.
Постојаната кординаторка на ОН во Македонија Луиза Винтон истакна дека целите за одржлив развој беа основани од сите земји на ОН, како и дека оваа иницијатива борејќи се против сиромаштијата, килматсксите промени и нееднаквоста, ќе придонесе за еден подобар свет.
„За Обеднинетите нации претставува чест што Владата на Македонија побара помош за постигнување на овие цели. Ние имаме една група на експерти коишто последните месеци работата на анализи и можам да кажам дека имаме постигнато напредок, успевајќи да ги идентифицираме недостатоците којшто ги попречуват целите за одржлив развој и националните стратегии“, изјави Винтон.
На самитот на Обединетите нации за одржлив развој коишто се одржа на 25 септември 2016 година, светските лидери ја основаа агендата 2030 којашто се состои од 17 цели за одржлив развој. Во месец септември на 2015 година, на седница на Националниот совет за одржлив развој, по одлуката на Владата и во Македонија беше прифатена оваа агенда.
Главните цели на оваа агенда се до 2030 година да и се стави крај на сиромаштијата, борбата против нееднаквоста како и справување со климатските промени.