свет

Слободната сириска војска пронајде муниција на ЈПГ/ПКК во Африн

Голем број проектили и рачно изработени експлозиви беа запленети од страна на Слободната сириска војска (ССВ) во селото Местура, во близина на центарот на Африн

Ekipa  | 21.03.2018 - Обновена : 21.03.2018
Слободната сириска војска пронајде муниција на ЈПГ/ПКК во Африн Abdulfettah Hüseyin/AA

Afrin

АФРИН/ИДЛИБ (AA) - БУРАК КАРАЏАОГЛУ/ОМЕР КОПАРАН -

Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска (ССВ) ги продолжуваат своите безбедносни проверки по ослободувањето на речиси целиот Африн од терористичката организација ЈПГ/ПКК, во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, јавува Anadolu Agency (AA).

ТСК и ССВ, кои го ослободија подрачјето на Африн од терористите, работат на расчистување на градот од експлозивните направи и на враќање на нормалниот живот.

Голем број терористички проектили, минофрлачки гранати, ракети, рачно изработени експлозивни направи и тешко оружје беа запленети при пребарувањето на теренот од страна на Слободната сириска војска (ССВ) во селото Местура, на 200 метри оддалеченост од центарот на Африн.

Жителите на Африн целосно ги поддржуваат активностите на Слободната сириска војска (ССВ).

Во снимките јасно е прикажана блискоста на цивилите со ССВ, за време на претресот во селото Местура.

Еден од командантите на ССВ, Ебу Џафер, истакна дека селата Ајн Хаџар, Местура и Кастал Кишик се ослободени од терористичката организација.

„Во зградата што ПКК ја користи како штаб, запленивме лесно и тешко оружје, проектили за повеќецевниот фрлач „Град“, минофрлачи и рачно изработени експлозивни направи“, рече командантот Џафер.

Од друга страна, Ум Хасан, жителка на селото Местура, истакна дека ПЈД/ПКК ги затворил во подрумот. „Не можевме да излеземе 10 дена. Бевме без пелени за бебињата, без млеко, без вода и без храна.Се разболевме сите“, наведе Хасан.

Друга сожителка, Џемиле Абдурахман, истакна дека тие биле затворени во домовите веќе 10 дена, гладни, и се чувствувале мизерно.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın