Fatma Esma Arslan
21 Март 2018•Ажурирај: 21 Март 2018
АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК, со цел клеветење на операцијата „Маслинова гранка“, на социјалните мрежи пласираа три нови фотографии, за кои е утврдено дека не се поврзани со споменатата операција во Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
На една од фотографиите, споделена под наслов „Геноцид во Африн“, можат да се видат две ранети деца. Сепак, се утврди дека станува збор за наградена фотографија на фоторепортерот Абда Домани, направена во сирискот град Дума во 2014 година.

Еден германски портал ја користел со вест, објавена во 2016 година.
Иста етикета има и фотографијата на дете, кое возрасно лице го носи во куфер, а која е направена за време на миграциите во Источна Гута.

Сепак, поддржувачите на терористичката организација не се воздржуваат ниту од користење фотографии од другите делови на светот, а сѐ со цел, клеветење на операцијата „Маслинова гранка“ и на Вооружените сили на Турција (ТСК), која започна на 20 јануари.
Со цел манипулација, користена е и фотографија, направена во 1995 година во Грозни, а на неа се наоѓа Чеченка. Поддржувачите на терористите се обидоа да ја подметнат оваа фотографија, тврдејќи дека е направена во Африн.

На фотографијата на Ерик Бовет прикажана е стара жена-бегалка како носи предмети на грб и врамена фотографија во рака.