Ömer Aydın
01 Март 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
СТРАЗБУР (АА) - Министерот за правда на Турција, Бекир Боздаг, во Стразбур изјави дека Турција придава голема важност на односите со Советот на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Боздаг во Стразбур се состана со генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.
Турскиот министер изјави дека на состанокот којшто поминал мошне продуктивно се разговарало за дијалогот меѓу Турција и Советот на Европа.
Тој потсети дека Турција е една од членките-основачи на Советот и дека земјата служела за вредностите на организацијата и придонела за нивниот развој.
Боздаг истакна дека двете страни веруваат оти е потребно да се продолжи со јакнењето на меѓусебните односи, дека Турција придава голема важност на односите со Советот на Европа и оти ќе продолжи да придава важност.
Исто така, тој нагласува дека Турција нема да ја заборави реакцијата на Јагланд по државниот удар во земјата што воените лица лојални на терористичката организација ФЕТО се обидоа да го извршат на 15. јули минатата година.
„Турција надмина голема опасност и закана. Затоа велиме дека при донесувањето одлуки за Турција, крајно е важно правилно да се сослуша Турција и да се изврши анализа, сето тоа да се забележи и тоа да се направи врз основа на вистината. Секоја објективна и праведна анализа за нас е важна и го покажува патот“, смета Боздаг.
Да се потсетиме дека претходно беше основана Комисија за надзор и спроведување на вонредната состојба во Турција. Боздаг истакна дека комисијата по сослушувањата ќе донесе конечна одлука.
Исто така, тој изјави дека секој има право по одлуката за одредена судска постапка да се обрати до Европскиот суд за човекови права.
Јагланг истакна дека со Турција имаат блиски односи и дека внимателно ги следат случувањата во таа земја.
Посетата на турскиот министер Боздаг на Советот на Европа ја нарече многу важна од аспект на дијалогот меѓу Турција и Советот на Европа по обидот за државен удар во Турција.
„По обидот за државен удар, од Турција имавме одредени барања за вонредната состојба. Побаравме гаранции од државата бидејќи се донесени одлуки за отпуштања, затворања на институции и медиумски куќи“, потсети Јагланд.