Nazlı Yüzbaşıoğlu
16 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за ЕУ, Волкан Бозкир, го прими денес во Анкара државниот секретар на главниот преговарач за пристапувањето на Црна Гора во Европската унија, Александар Андрија Пејовиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетувајќи дека Турција и Црна Гора одржуваат интензивни и блиски пријателски односи и дека Турција во 2006 година беше првата земја која ја призна независноста на Црна Гора, Бозкир изрази задоволство за напредокот на Црна Гора на патот кон Европската унија и поканата која официјална Подгорица неодамна ја доби за придружување кон НАТО, како 29-та членка на Алијансата.
„Турција и Црна Гора уште во 2011 година потпишаа договор за соработка во процесот на интеграција во ЕУ. Во следните денови интензивно ќе го имплеменрираме тој договор, ќе ја искористиме таа важна платформа која се создаде врз база на пријателството”, изјави Бозкир.
На повик на Бозкир, амбасадорот Пејовиќ престојува во официјална посета на Анкара, а на почетокот на средбата истакна дека во текот на денешниот ден со турските колеги ќе разговара за интензивната билатерална соработка во процесот на интеграција во ЕУ и поефикасното користење на ЕУ фондовите.