Aşkın Kıyağan
27 Февруари 2017•Ажурирај: 28 Февруари 2017
ВИЕНА (АА) - Канцеларот на Австрија, Кристијан Керн изјави дека постојат одлуки коишто треба да се донесат, а се однесуваат на иднината на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Керн во Виена се состана со министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел.
Австрискиот канцелар смета дека ЕУ треба посилно да ги чува своите интереси, особено откако Доналд Трамп стана претседател на САД. Според неговите зборови, тоа е возможно единствено со политика „рамо до рамо“. Керн потсети дека Австрија подолго од 20 години е членка на ЕУ и дека во тој временски период се променети проблемите и условите што ги цртаат рамките на Унијата.
Керн додаде дека е потребно да се зајакнат општествените елементи во Европа, а дека во рамките на тоа се најважни целите вработување, воспоставување на општествена безбедност, борба против затајувањето данок. Според неговите зборови, Австрија сака да има важна улога во овој процес.
Габриел изјави дека Европа во иднина ќе има еден заеднички глас и дека нема да се слуша гласот само на Германија.
„Нѐ обединува волјата да ја заштитиме Европа, како континент на мирот и безбедноста“, изјави Габриел.