Ata Ufuk Şeker
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на состанокот на Министрите за одбрана на НАТО пред седиштето во Брисел истакна дека НАТО презема безбедносни мерки во знак на солидарност со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Преземаме различни безбедносни мерки за Турција. Летовите за надледување со Awacs, поставенте бородови на НАТО на истокот од Средоземното Море и италијанските системи за ракетна одбрана се значаен дел од тоа", соопшти Столтенберг.
Столтенберг потсети дека останале неколку недели до Самитот на НАТО во Варшава.
„Имаме слични безбедносни проблеми на истокот и југот од нашите земји. На Самитот во Варшава, ќе се усогласиме против сите заканите од сите правци и ќе бидат донесени одлуки кои ќе ја подобрат нашата одбрана", рече генералниот секретар на НАТО.
Тој истакна: „Како алтернатива, ќе биде договорено позиционирање на мултинационален вод на четирите сили, Естонија, Летонија, Ливанија и Полска".
Генералниот секретар Столтенберг прецизираше дека се работи на зголемување на брзината на движење на силите на НАТО во Европа, и истакна дека е потребно засилување на механизмот на сајбер одбраната.
Тој соопшти дека е задоволен што во Турција ќе биде поставен италијанскиот систем за ракетна одбрана.
„Тоа е заедничка одлука на сите сојузници на Алијансата. НАТО започна да презема мерки за безбедност на Турција", рече Столтенберг.
Столтенберг потсети на нестабилноста и насилството кои се застапени на источната граница на Турција.
„Затоа, преземаме различни мерки за безбедност на Турција. Летовите за надледување со "Awacs", шпанските патриот ракетни батерии, поставенте бородови на НАТО на истокот од Средоземното Море и италијанските системи за ракетна одбрана се значаен дел од тоа. Ова ја покажува солидарноста на НАТО со Турција", истакна Столтенберг.
Тој потсети дека по долги години, во 2015 година се зголемени трошоците за одбрана на членките на НАТО, и очекува овој пораст да продолжи и во 2016 година.
Столтенберг истакна дека е потребно сојузниците да имаат поголеми трошоци за одбраната.
„Потребно е трошоците за одбрана да се на соодветно ниво поради предизвиците со кои се соочуваме", изјави Столтенберг.
Денес, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, ќе се сретне со официјалните лица од Финска и Шведска за проценување на потребните работи со кои би се зголемила соработката, рече Столтенберг.
Столтенберг потсети дека во рамките на средбите, состанок ќе има НАТО комисијата за Украина, на која ќе стане збор за последните случувања во регионот.