Yasin Yağcı
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
ЛИОН (АА) - Во центарот на Лион се одржаа нови масовни протести на кои се собраа околу 5.000 работници незадоволни од нацрт-законот за реформи во Законот за работни односи, кој француската влада го предаде во Парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
На повик на неколку работнички синдикати, демострантите утрово се собраа на плоштадот Броту, а потоа со засилени мерки за безбедност мирно прошетаа до плоштадот „Жан Мас".
Демонстрантите најавија дека нема да отстапат од своите барања, Владата да го повлече спорните реформи на Законот за работни односи, со кој се предвидува намалување на работничките права и продолжување на работното време.
Сообраќајот во Лион речиси во потполност е блокиран, а стотина странски туристи, кои во градот пристигнаа да ги следат натпреварите од Европското првенство во фудбал, со овации и аплауз ги подржуваа француските демонстранти.