Ata Ufuk Şeker
27 Октомври 2016•Ажурирај: 28 Октомври 2016
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави: „Тука сме зедно, бидејќи силна Европа значи силно НАТО“, јавува Anadolu Agency (AA).
На сесијата од вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО говореше генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.
Столтенберг рече дека на состанокот ќе стане збор за соработката НАТО–ЕУ. „Тука сме зедно, бидејќи силна Европа значи силно НАТО“, рече Столтенберг.
Генералниот секретар истакна дека ЕУ и НАТО во моментов имаат многу поблиска соработка од претходно, додавајќи дека со распоредувањето на НАТО во Егејското Море, на Турција, Грција и Агенцијата за заштита им се дава поддршка во спречувањето на трговијата со луѓе.
Столтенберг на состанокот истакна дека ЕУ и НАТО во Средоземното Море започнале да спроведуваат нова операцијата под името „Морски заштитник“, додавајќи дека оваа операција би можела да обезбеди поддршка на операцијата „Софија“ што ја води ЕУ.
Столтенберг рече дека на денешниот состанок ќе бидат разгледувани темите, како што е унапредување на можностите за соработка на НАТО и ЕУ, хибридни закани, кибер-одбрана, заеднички вежби.
Воената мисија на ЕУ под име „Софија“, минатото лето беше организирана во насока на спречување на трговијата со луѓе. НАТО планира со мисијата „Морски заштитник“ да се овозможи поефикасна контрола на Средоземното Море.