Бегалците во Европа порачуваат: Ние не сме терористи
- Многу бегалци се жалат дека Европа по терористичките напади во Париз го изменила видувањето кон нив и дека нема волја да им помага како пораноHasan Tosun, Mesut Zeyrek
22 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
ВиенаВИЕНА (АА) – Неколку илјадници бегалци со потекло од Сирија, Ирак и Авганистан, кои се наоѓаат во Европа, по терористичките напади во Париз, загрижени се дека поради „тероричко етикетирање“ би можеле да бидат вратени во матичната земја, јавуваAnadolu Agency (AA).
Бегалците, како што велат, порано многу лесно ги минуваа границите на европските држави, а денес ситуацијата е многу поинаква. По териристичките напади за кои одговорност презеде терористичката организација ДАЕШ, намален е и бројот на одобрени барања за азил, но и хуманитарните акции и помош за бегалците.
Сиријецот Али Ферах (54), во Австрија стигнал со двете ќерки. Како што вели, кога пристигнале во земјата биле пресреќни, и многумина сакале да им помогнат.
Меѓутоа по терористичките напади „заедницата го смени видувањето кон нас“.
„Во Сирија фрлаа бомби на населението. Избегавме од војната. Не сме одговорни за нападите во Париз, но веќе три дена не ни даваат оброк ,како што треба’‚ рече Ферах. Слична приказна раскажа и 23-годишниот Абдубасид Давуд кој истакна дека ситуацијата по нападите се променила.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Австрија, Карл-Хејнц Грундбок ги отфрли наводите на бегалците за „лошото однесување со нив и недавање на оброк“.
„Сакам да верувам дека овие напади нема да делуваат на муслиманите во Европа. Тоа што одредени луѓе се лоши, не значи дека сите луѓе се такви“, се пожали Велид ел-Ганим, од Сирија.
Саид Абдул од Авганистан, кажа дека два дена чекаат на македонско-грчката граница, но дека се надева дека ќе го продолжи патот и дека Европа ќе ги прифати.
Ел Садун Мухамед (22) од Ирак избегал од терористичката организација ДАЕШ. Како што вели нема разлика помеѓу нападите во Сирија, Ирак и Париз.
„Сите тие се терористички напади. Неприфатливо е сите муслимани да ја плаќаат цената за тие напади“, рече Мухамед.
Исто мислење дели и Сиријецот Нивин кој истакна дека му е жал за загинатите во нападите во Париз.
„Не знам кој ги организирал нападите, но тоа не се Сиријци. Не се плашам. Бидејќи ништо лошо немам направено. Нека не се плашат ниту тие од нас, ние не сме опасни. Ние не сме терористи“, рече Нивин.