Betül Yürük
03 Март 2016•Ажурирај: 05 Март 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура, изјави денес во Женева дека договорениот прекин на огнот во Сирија воглавно се почитува, но дека судирите продолжуваат во делови на Хомс, Дамаск, Хама и Латакија, јавува Anadolu Agency (AA).
Напоменувајќи дека договорениот прекин на огнот во Сирија „воглавно се спроведува веќе шест дена”, Де Мистура рече дека процесот во врска со прекинот на огнот е исклучително чуствителен.
„Во голема мера насилството во Сирија е намалено. Не можеме да гарантираме успех но напредокот е видлив со голо око”, рече тој.
Тој додаде дека преговорите во Сирија ќе бидат одложени и најверојатно нема да „започнат на 7-ми март, туку веројатно на 14-ти март 2016 година.”