Emine Dalfidan
04 Март 2016•Ажурирај: 07 Март 2016
ЛОНДОН (АА) - Во извештајот на меѓународната невладина организација Амнести интернешнл (АИ), објавен во четвртокот во врска со ситуацијата во Сирија, се вели дека е утврдено дека силите на Русија и Сирија во последните три месеци свесно и систематски напаѓаат болници и други здравствени установи во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот се истакнува дека постои силен доказ дека во последните 12 недели во северниот дел на Алепо намерно се бомбардирани најмалку шест болници, како и здравствени центри и клиники.
"Силите на сириската влада, заедно со своите сојузници, и покрај напорите за прекин на огнот во регионот, ги интензивираа нападите врз здравствените установи", се вели во извештајот, во кој се наведува и дека болниците кои се мета на нападите се "претворени во прва линија на фронтот" и дека тие напади "носат карактеристики на воени злосторства".
Официјалните лица на АИ тврдат дека тие биле очевидци на нападите во регионот, рекоа дека во " во текот на нападите во близина на бомбардираните болници и другите здравствени установи, немаше ниту едно воено возило, контролни точки или војници, туку дека болниците работеле само со цел на помагање на луѓето" .
Програмскиот директор за одговор на кризи АИ Тирана Хасан изјави дека руските и сириските сили со бомбардирањето на болниците го кршат меѓународното хуманитарно право и дека првенствено се мети на нападите на подрачјата во околината на Алепо кои се наоѓаат под контрола на опозицијата.