Şerife Çetin
07 Септември 2017•Ажурирај: 08 Септември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Антонио Тајани изјави дека Европската Унија мора да ги држи отворени патиштата за дијалог со Турција поради прашањата како проблемот со бегалците и борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Тајани, претседателот на ЕП, зборуваше за информативниот интернет-сајт „Politico“ (Политико), со седиште во Брисел. Во разговорот, Тајани се осврна на односите меѓу ЕУ и Турција.
Тој истакна дека преговорите за членство на Турција во ЕУ ќе завршат само доколку во Турција повторно се воведе смртната казна, и додаде дека Европа треба да ѝ испрати многу јасна порака на Турција дека за неа е неприфатливо повторното воведување смртна казна во Турција. „Во спротивно, би се зголемила веројатноста за прекинување на дијалогот меѓу Турција и ЕУ“, рече Тајани.
- „Мора да ги оставиме отворени патиштата за дијалог“ -
Тајани рече дека периодот за пристап на Турција во ЕУ е тежок процес, и истакна дека во разговорот со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја изразил својата загриженост околу односите меѓу ЕУ и Турција.
„Поради проблемите како бегалската криза и борбата против тероризмот, мора да ги држиме отворени патиштата за дијалот со Турција. ЕУ мора да ја остави вратата отворена за Турција“, смета Тајани.
Тој истакна дека е потребно да се надгради договорот за царинска унија меѓу ЕУ и Турција. „Со Турција ќе го продолжиме континуираниот дијалог. Само на тој начин ќе можеме да ги измениме ставовите на Турција кон одредени прашања“, рече Тајани.