Hakan Çopur
07 Септември 2017•Ажурирај: 08 Септември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Сопственикот на Меѓународната компанија за правни работи „Amsterdam & Partners“, Роберт Амстердам, кој се занимава со истражување на активностите на терористичката организација ФЕТО во светот, изјави дека оваа терористичка организација на подрачјето на САД незаконски стекнала 243 милиони долари преку своите образовни установи, јавува Anadolu Agency (AA).
Амстердам, автор на книгата со наслов „Империја на измамата: Истражување за мрежата на школи на Ѓулен”, којашто ќе биде објавена на 13 септември, на оваа тема зборуваше на прес-конференција во Вашингтон.
Тој истакна дека на својата книга работел полни две години, и оти во неа се собрани податоци и информации за ФЕТО кои се достапни и за јавноста.
„Мојата цел не беше да дојдам до некои политички резултати, туку само да докажам дека Фетула Ѓулен е виновникот“, изјави Амстердам.
Тој наведе дека терористичката организација ФЕТО преку своите приватни образовни установи на подрачјето на САД, нелегално досега стекнала 243 милиони долари.
„Во овие училишта не се присутни само финансиски неправилности, тие се исто така инфилтрирани и во образовниот систем на САД“, нагласи Амстердам и додаде дека се работи за пари од данокот на жителите на САД, и народот на оваа земја тоа треба да го знае.
Амстердам, исто така, истакна дека негова приоритетна цел било со оваа книга да му се укаже на американскиот народ за дејствувањето на ФЕТО и за незаконитостите со коишто се занимава оваа организација. Како што рече, тој исто така настојувал преку својата книга на целиот свет да му го покаже валканото лице на ФЕТО.