Sinan Uslu
30 Ноември 2016•Ажурирано: 01 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин денеска разговараа телефонски и се осврнаа и на последите случувања во сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајцата лидери се усогласија во контекст на потребата за интензивирање на напорите за да се запрат судирите во Алепо и за да се достави хуманитарната помош на цивилите во овој сириски град кој е под опсада.