Sadık Kedir Abdu
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Вкупно 280 терористи на терористичката организација ЈПГ/ПКК се неутрализирани во Турција и надвор од неа во текот на мај од страна на турските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во периодот од 1 до 30 мај, во терористички напади загинаа 14 припадници на безбедносните сили, а 12 беа повредени.
Во истиот период, 216 осомничени терористи се уапсени како дел од операциите против ПКК низ турските градови, а 97 беа задржани во притвор.
За време на операциите во овој период во источниот, јужниот и југоисточниот дел на Турција неутрализирани се т.н. високи лица на терористичката организација.
Во југоисточниот турски град Ширт за време на антитерористичка операција уапсен и Осман озонал со кодно име „Малик“, кој се наоѓа на врвот на листата на најбарани лица во Турција.
Друг терорист кој се наоѓа на листата беше исто така неутрализиран во друга операција во истата област.
Три лица од листата се неутрализирани во источната турска област Тунџели.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ спроведува 30-годишна терористичка кампања против Турција во која животот го загубија 40.000 лица, вклучувајќи жени и деца.