Zafer Çakmak
17 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
АНКАРА (AA) - Во улицата Мерасим во самата близина на булеварот Инон во Анкара се случи експлозија во моментите додека во таа делница поминуваа возила за превоз на воените лица. Канцеларијата на гувернерот на Анкара соопшти дека, според моменталните информации, во терористичкиот напад загинале 18, а ранети се 45 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштаб на Вооруженте сили на Турција соопшти дека се работи за терористички напад. "Во 17.31 часот на возилата кои превезувале персонал на Вооружените сили на Турција изведен е терористички напад додека чекаа на семафор на раскрсницата која се наоѓа на булеварот Инон", се наведува во соопштението на Генералштабот, при што терористичките напади се остро осудени.
Министерот за правда на Турција, Бекир Боздаг, изјави дека експлозијата во Анкара е предизвикана од автомобил бомба. По терористичкиот напад во Анкара, во претседателската палата започна вонреден состанок за националната безбедност со кој претседава претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.
На состанокот присуствуваат и премиерот на Република Турција Ахмет Давутоглу и другите високи турски функционери. На состанокот ќе се разговара за терористичкиот нпад кој денес во вечерните часови е изведен во Анкара.