Admir Fazlagikj,Kaan Bozdoğan
28 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
ДИЈАРБАКИР (АА) - Најмалку две лица загинаа, а повеќе се ранети во нападот на терористичката организација ПКК во турскиот југоисточен град Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нападот, во предградието на Дијарбакир, по име Сур, убиен е претседателот на адвокатската комра на Дијарбакир, Тахир Елчи.
Имено, терористите отворија оган на Елчи во Сур, откатко е одржана конференцијата за новинарите.
Безбедносните сили во Дијарбакир возвратија на отварањето на оганот на терористите и дојде до судир, во кој се ранети повеќе лица, меѓу кои се три полицајци и новинар на АА Азиз Аслан. Еден од тројцата полицајци почина откако беше префрлен во болница.
Останатите ранети во нападот исто така се префрлени во болница.