Sultan Çoğalan
28 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во врска со денешниот терористички напад во турскиот град Дијарбакир, изјави дека одлучно ќе ја продолжат бората против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган се огласи откако терористите на ПКК денеска во југоисточниот турски град Дијарбакир го убија претседателот на адвокатската комора Тахир Елчи и еден полицаец.
Ердоган упати пораки на сочуство на семејствата на убијениот Елчи и турскиот полицаец а на ранетите во нападот им посака брзо оздравување. " Овој настан јасно укажува на тоа колку е точна одлучноста на Турција во борбата против тероризмот. Оваа борба ќе ја водиме до крај, без страв и без воздишка. Со истата одлучност ние продолжуваме со нашата борба" , порача Ердоган.
Потсетуваме, терористите денеска отворија оган на Елчи во Сура, предградјето на Дијарбакир, откако е одржана конференција за медиуми. Безбедносните сили возвратија на отворање на оганот на терористите и дојде до судир, во кој се ранети повеќе лица меѓу кои три полицајци и новинар на АА Азиз Аслан. Еден од трите полицајци почина откатко беше префрлен во болница.
Останатите ранети во нападот исто така се префрлени во болница.