Nilay Kar
09 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
КИЕВ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пристигна денес во главниот град на Украина, Киев, во еднодневна официјална посета, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган е придружуван од голема делегација, во која се: началникот на турскиот Генералштаб, Хулуси Акар, вицепремиерот Фикри Ишик, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за енергетика, Берат Албајрак, министерот за европски прашања, Омер Челик, и министерот за економија Нихат Зејбекџи.
Ердоган најпрво го посети воениот споменик во Киев и положи венец.
За време на еднодневната посета, претседателот Ердоган има средба со својот украински колега, Петро Порошенко, и ќе присуствува на 6. состанок на Стратешкиот совет на високо ниво помеѓу Турција и Украина.
Турскиот претседател ќе се состане и со претседателот на парламентот, Андриј Парубиј, премиерот Володимир Гројсман и претставници на кримската татарска заедница.
Источниот дел на Украина е зафатен со судири од март 2014 година, по анексијата на Крим од страна на Русија, по нелегалното гласање за независност.
Генералното собрание на ОН гласаше за прогласување на руската анексија на Крим за нелегална.
Според податоците на ОН, во борбите во источна Украина меѓу владините сили и руските сепаратисти, од април 2014 година загинаа над 10.000 луѓе.
Турскиот претседател Ердоган подоцна ќе го напушти Киев и ќе отпатува за Србија, каде што треба да присуствува на вечерата чиј домаќин ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ.