Nilay Kar
09 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
КИЕВ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пристигна во официјална посета на Украина, која ја започна со положување венец на воениот споменик во Киев, јавува Anadolu Agency (AA).
Украинскиот претседател Петро Порошенко приреди свечен пречек, а потоа својот турскиот колега го прими во кабинетот во Киев.
Порошенко и Ердоган во текот на денот, треба имаат обраќање пред новинарите на заедничката пресконференција, и ќе присуствуваат и на 6. заседавање на Советот за билатерална соработка на двете земји.
Ердоган во текот на денот во Киев треба да се сретне и со челникот на украинската Врховна Рада, Андриј Парубиј, со премиерот Володимир Гројсман и со претставници на кримските Татари.
Во посета на Киев заедно со претседателот Ердоган допатува и бројна турска делегација во која се: началникот на турскиот Генералштаб, Хулуси Акар, вицепремиерот Фикри Ишик, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за енергетика, Берат Албајрак, министерот за европски прашања, Омер Челик, и министерот за економија Нихат Зејбекџи.
По завршувањето на посетата на Киев, Ердоган ќе отпатува во официјална посета на Србија. Во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ за својот турски колега Ердоган ќе организира свечена вечера.