İlkay Güder
04 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 9 јули, понеделник, во турскиот Парламент ќе ја положи свечената заклетва, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, по победата на изборите што во Турција се одржаа на 24 јуни, претседателот Ердоган во понеделник на 9 јули во турскиот Парламент во 15:00 часот ќе положи свечена заклетва.
По заклетвата, во претседателската палата во Анкара ќе биде организирана свечена церемонија за премин во претседателски систем на владеење.