Ömer Süt
04 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
ИЗМИР (АА) - ОМЕР СУТ - Сведок покајник во истрагата против терористичката организација ФЕТО во Измир изјави дека водачот на таа организација, Фетула Ѓулен, остатокот од урмата што ја јадел ја подарил на суспендиран член на ФЕТО за „утеха“, јавува Anadolu Agency (AA).
Со одлуката на Обвинителството во Измир, С. К. е приведен поради обвиненија дека ја користел БајЛок апликацијата за тајна комуникација на припадниците на ФЕТО, но по информациите за организацијата и нејзините членови, е ослободен со мерки на забрана. С. K. раскажа за она што го видел за време на посетата на вилата на Ѓулен во сојузната американска држава Пенсилванија во 2014 година.
Покајникот изјави дека повеќе пати бил сведок на подарување облека и капи што ги користел Ѓулен на членовите на организацијата.
С. K. изјави дека при посетата на вилата на Ѓулен во Пенсилванија биле подложени на строга контрола на влезот.
„Докторот на Ѓулен зборуваше за делови од животот на водачот на организацијата. Зборуваше како на тие кои точно ќе одговорат на поставените прашања ќе им биде подарена поткошула од Ѓулен“, истакна тој.
Тој додаде дека по предавањето седнал на стол за масажа, но дека бил предупреден да стане затоа што тоа место му припаѓа на Ѓулен.
Тој истакна дека одредени членови на организацијата први ги пробувале баклавите што ги носеле за време на посетата на САД. Зборувале дека тоа го прават за да се уверат дека баклавите не се затруени, а потоа му ги носеле на Ѓулен.
„За време на престојот во вилата забележав дека Ѓулен и неговите блиски соработници живеат луксузен живот и се возат во скапи автомобили“, додаде тој.
С. K. изјави дека Ѓулен наредил цврста комуникација со новите членови, но и да се спречи губење на припадниците на ФЕТО по процесот „17- 25 декември“.
Тој изјави дека во посета биле за време на Рамазан, одбраниот месец за муслиманите.
„Фетула Ѓулен ифтареше со урма. Остатокот е даден на некој во просторијата за да го подари на некој суспендиран од јавната служба во Анкара како „утеха“. Тоа многу ме изненади“, изјави С. K.