İlkay Güder
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на шестиот ден од операцијата „Маслинова гранка“, го посети оперативниот центар во турскиот град, Хатај, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателските извори, претседателот Ердоган заедно со началникот на Генералштабот на турската армија, Хулуси Акар, од Анкара преминаа во оперативниот центар на втората воена команда во Хатај, која е задолжена за трансферирање и управуањето со операцијата „Маслинова гранка“.
Претседателот Ердоган беше придружуван од турскиот вицепремиер, Бекир Боздаг, министерот за одбрана, Нуретин Џаникли, командантот на копнените сили, генерал Јашар Ѓулер, како и од страна на гувернерот на Хатај, Ердал Ата.
Ердоган со делегацијата се информирани за операцијата „Маслинова гранка“ од страна на генерал-полковникот Исмаил Метин Темел, командантот на втората воена команда, во операцискиот центар.
Поради оваа неочекувана посета, Ердоган ја одложил средбата со турскиот премиер, Бинали Јилдирим, во Анкара.