İlkay Güder
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во обраќање на турските војници за време на посетата на Оперативниот центар во Хатај, град во јужниот дел на Турција, изјави дека целта на операцијата во Африн, која се спроведува за јакнење на националното право е да се исчисти регионот од терористичките елементи, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој нагласи и дека турските војнци во рамките на операцијата „Маслиновa гранка“ во Африн, извршуваат, како рече, возвишена задача.
Тој порача дека операцијата ќе потрае се додека не бидат остварени зацртаните цели, и додаде дека Турција нема претензии на територијата на било која земја, нагласувајќи дека Африн, откако ќе биде исчистен од терористичките елементи ќе биде предаден на жителите на тоа место.
На крајот истакна дека чистењето на регионот од терористите ќе го забрза и самиот процес на враќање на Сиријците во нивната татковина.
Турските сили и Слободната сириска војска на 6. ден од операцијата „Маслинова гранка“ напредуваат кон центарот на Африн од север, запад и северозапад, а досега ослободија најмалку 14 точки.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.