Sibel Uğurlu
07 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили синоќа извршија напади врз позициите на терористите во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение на турскиот Генералштаб се вели дека турските вооружени сили ги нападнале позициите на терористите во регионот Харкук во северен Ирак, согласно информациите добиени од военото разузнавање.
„Воздушните напади се случија вчера, помеѓу 23:05 и 23:55 часот по локално време, и уништија позиции на терористичката организација”, се вели со соопштението на Генералштабот.
Во соопштението не се прецизира која терористичка организација била мета на нападите, но турските вооружени сили во тој регион изведуваат напади против терористичката организација ПКК.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации и на САД и ЕУ, ја продолжи својата вооружена кампања против Турција во јули 2015 година.
Оттогаш, загинаа скоро 500 припадници на безбедносните сили а над 4.900 терористи на ПКК се убиени во операциите низ Турција и северен Ирак.