Sibel Uğurlu
01 Ноември 2018•Ажурирај: 02 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турските и американските сили денес го започнаа првото заедничко патролирање во северниот сириски град Мунбич, како дел од Договорот за ослободување на подрачјето од терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
„Заедничките патроли на турските и американските сили, за кои се договаравме, за кои ја завршивме обуката и за кои рековме дека ќе започнат, стартуваа денес во 15:53 часот по локално време“, потврди турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар.
Обуката на турските и американските војници за заедничко патролирање заврши на 25 октомври.
Според репортерите на АА од теренот, турските и американските сили патролирале во подрачјето околу реката Саџу, која ја дели линијата на фронтот во Мунбич и градот Џарабулус, подрачје ослободено во операцијата на турските сили „Штитот на Еуфрат“.
Од 18 јуни, Турските вооружени сили спроведоа 68 индивидуални патроли во Мунбич.
Договорот за Мунбич меѓу Турција и САД се фокусира на повлекувањето на терористите на ЈПГ/ПКК од градот со цел стабилизирање на регионот североисточно од покраината Алепо, северна Сирија.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна во август 2016 година, а заврши во март 2017 година, имаше за цел да ја елиминира терористичката закана долж границата, во северните сириски региони Џарабулус, Ал Раи, Ал Баб и Азаз заедно со Слободната сириска војска.