Cuneyt Davut
24 Август 2016•Ажурирано: 26 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - После катастрофалните поплави во околината на Скопје, екипите на Кординативниот Центар за катстрофи на општината Истанбул кои дојдоа да помогнат, после направната тура низ Скопје се вратија за Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во поплавените подрачја екипите од Труција пред два дена завршија со работа, денска после направената тура низ Скопје се упатија кон Истанбул.
Во придружба на екипскиот марш и со украсените теренски возила екипите од Турција направија тура низ Скопје. Тие, во поплавените подрачја помагаа точно 11 дена.
Заменик директорот на Дирекцијата за пожарникарство во Евопскиот дел на Истанбул, Рамиз Сумбул кој беше шеф на турската екипа која помагаше во поплавените подрачја рече дека е среќен што имал можност да помогне во излекувањето на раната колку тоа да е малку.
„Позната е почитта на македонските граѓани за нашиот народ. Оваа почит се должи на тоа дека во добри и лоши денови ние сме едни покрај други и повторувањето на ова уште едеш го докажа нашето пријателство и нашето братство", изјави Сумбул.
Тој исто така изрази желба повеќе да не се случуват вакви природни катастрофи.
„Секој знае и гледа дека турскиот народ низ целиот свет е покрај оштетените и угнетените луѓе", додаде тој.
И координаторот на екипата за помош во поплавените подрајча Фахретин Пакетчи истакна дека Македонија ја гледаат како своја земја додавајќи:
„Ние Македонија не ја гледаме како друга земја. Ова е и наша земја. Ние тука не дојдовме да помогнеме, ние дојдовме да ја исполниме нашата братска задача. Ние сеуште сме заедно, ние сме браќа, Господ нека ни го продолжи едиството."
Почнувајќи од 22 август, со возилата донесени од општина Истанбул во Мкедонија, во оштетените подрачја исцрпени се околу 930. 500 литри на вода, исчистени се 4.700 метри пат, околу 328 живеалишта и 280 канали. Камионите и другите возиле наравиле околу 374 товарења.
Во катастрофалните поплави во околината на Скопје не само што имаше жртви тука имаше и големи материјални штети. Сеуште не е пронајдено 16 месечното дете кое се исчезна во поплавите.