Sarp Özer
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
АФРИН (АА) - САРП ОЗЕР -
Турските вооружени сили (ТСК), кои во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ го ослободија Африн од терористите, продолжуваат со активностите за пребарување мини во центарот на ова подрачје. Екипата на Anadolu Agency (AA) ги сними моментите кога турските војници пронајдоа и уништија два рачно изработени експлозиви поставени од терористите и скриени во ров.

Продолжува операцијата во подрачјето на Африн, започната на 20 јануари од ТСК, со цел неутрализирање на терористите на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ, осигурување на безбедноста и стабилноста на границите и регионот, и спасување на братскиот и пријателски народ од притисокот и суровоста на терористите во регионот.

Турските вооружени сили (ТСК), кои во рамките на операцијата од терористите го ослободија Африн, ги уништуваат рачно изработените експлозивни направи поставени во центарот на ова подрачје, и ги затвораат јамите направени од терористите.
Тимот за откривање и уништување мини и рачно изработени експлозиви (МЕТИ) работи на откривање и уништување на експлозивите поставени од припадниците на терористичката организација. Во овој тим, кој продолжува со пребарувања во одредени подрачја, се вклучени и кучиња што се користат за откривање мини.

Турските војници кои вршат пребарување на барикадата во северозападниот дел на Африн поставена од терористите открија два рачно изработени експлозиви скриени под земја.
Откако кучето за откривање мини Лејлак, даде сигнал при пребарувањето на барикадата, пребарувањето продолжи со детектори за метал, при што беа откриени рачно изработени експлозивни направи, а потоа беа преземени безбедносни мерки во околината. Уништувањето на мините беше извршено на контролиран начин, а јамата ископана од терористите беше затворена со мал оклопен булдожер.