Can Erözden
25 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во соопштението на вооружените сили на Турција се вели дека турските вооружени сили со хаубици погодија 72 позиции на ДЕАШ и 15 цели на ПКК/ПЈД во Сирија како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската операција „Штитот на Еуфрат“ е започната на 24 август, со цел да се зајакне граничната безбедност, поддршка на коалициските сили и елиминирање на заканите од страна на терористичките организации, особено од ДАЕШ.
ПКК – која се наоѓа на листата на терористички организации од страна на Турција, САД, и ЕУ – во јули 2015 година ја продолжи својата 30-годишна вооружена кампања против Турција.
Оттогаш, загинаа повеќе од 700 припадници на безбедносните сили, а убиени се речиси 8.000 терористи на ПКК.
Во меѓувреме, коалициските сили неутрализираа четворица терористи на ДЕАШ во четири воздушни напади во северозападна Сирија. Исто така, уништени се две возила, две згради и минофрлач.