Merve Aydoğan
05 Април 2018•Ажурирај: 06 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за Европска Унија (ЕУ), Омер Челик, денес ги повика сојузниците на Турција да не ги обучуваат терористите на ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние не сакаме да видиме ниту еден од војниците на нашите сојузници како ги обучува терористите на ЈПГ“, изјави Челик за новинарите по неговиот состанок во Париз со својата колешка Натали Лоазо и со министерот за надворешни работи Жан Ив Ле Дриен.
„Франција е наш сојузник, но не сакаме да слушнеме ниту една реченица од типот 'Африн е окупиран'“, додаде Челик, осврнувајќи се на антитерористичката операција на Турција во Африн, во близина на турската граница.
Ле Дриан минатиот месец тврдеше дека операцијата во Африн е „длабок упад“, кој „не е оправдан.“
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со Турското право, засновано на Меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Според официјалното соопштение, на состанокот минатата недела со делегација на Сириските демократски сили (SDG) предводена од терористичката организација ПЈД/ПКК во Елисејската палата, францускиот претседател Емануел Макрон ја уверил делегацијата во поддршката на Франција против ДЕАШ и исто така тврдеше дека Сириските демократски сили немаат оперативна врска со оваа терористичка група, осврнувајќи се на ПКК.
Сепак, Турција документираше дека ПЈД/ПКК и Сириските демократски сили (SDG) се всушност сириски ограноци на ПКК, која Турција, Франција и ЕУ ја сметаат за терористичка организација.
ПЈД/ПКК е терористичка организација која на северот на Сирија дејствува под плашт на називот Сириски демократски сили (SDG), односно, претставува сириски огранок на терористичката организација ПКК, а САД ги сметаат Сириските демократски сили (SDG) како доверлив партнер во борбата против терористите на ДЕАШ.