Rahmi Gündüz
21 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан изјави дека Франција ќе побара од Русија посилна борба против терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (АА).
Ле Дриан во пресрет на денешната посета на Русија за француските медиуми изјави дека со руските владини претставници ќе разговараат за интензицвирање на борбата против ДАЕШ.
"Ќе размениме мислења за ДАЕШ кој го гледаме како терористичка организација. Сакаме и Русија да ја засили борбата против нашиот заеднички непријател,", рече Ле Дриан.
Франција по терористичките напади во Париз извршени на 13 ноември, во кој загинаа 130, а беа повредени 350 лица, го испрати носачот на авиони "Шарл де Гол" во Заливот на Басра, со цел интензивирање на борбата против злогласната организација.
После тоа авионите извршија неколку напади врз упориштата на ДАЕШ во Сирија и Ирак.