Fatih Hafız Mehmet
30 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турската полиција утрово во главниот град Анкара приведе 39 осомничени лица во текот на акција насочена против криминална организација, јавува Anadolu Agency (AA).
„Меѓу приведените лица има војник, полицаец и началник на полиција на локално ниво“, истакна полициски извор кој сакаше да остане анонимен.
Изворот додаде дека криминалната организација на чело со осомничениот Ѓоксел С. била вклучена во пљачки, лихварство, продажба на оружје и дрога, обезбедување простории за коцкање на многу локации и принудување на луѓето да потпишуваат чекови и сметки.
Во текот на акцијата во која учествуваа 300 полициски службеници, извршен е претрес на објекти на 64 адреси. Полицијата заплени големи количини оружје.