Volkan Kaşik
01 Август 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
МАЛАТИJА (AA) - ВОЛКАН КАШИК - Припадниците на турската полиција во текот на јули од слобода лишија 512 лица осомничени за членство во терористичката организација ДЕАШ, а меѓу уапсените се наоѓаат и голем број на странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на јули извршени се низа акции ширум Турција, во поголемите градови, но и долж границата на таа земја со Сирија.
Полициските акции со кодното име „зора” извршувани се координирано во истовреме на голем број локации воглавно во раните утрински часови, а според податоците на Министерството за внатрешни работи на Турција, запленети се голем број на експлозивни средства, материјали и алатки за изработка на истите, оружје и муниција, поголема количина на документација и материјали поврзани со терористичката организација ДЕАШ, а на тој начин се спречени повеќе терористички напади.
Истовремено, спречени се голем број на странски државјани кои се обиделе преку територијата на Турција да преминат во Сирија и да пристапат кон ДЕАШ.
Во градовите Шанлифура, Јозгат и Ван од слобода се лишени 28 осомничени лица, додека во градот Адана меѓу 12 уапсени беа и таканаречениот емир за Адана и 14-годишна малолетничка со потекло од Индонезија. Со истрагата на овие апсења утврдено е дека уапсените планирале теорирстички напади во повеќе турски градови и дека им е порачано оти ДЕАШ полека ја губи војната, и дека се пратени во борба за да заработат заминување во рајот.
Во градовите Кајсери и Коџаели уапсени се вкупно 15 припадници на терористичката огранизација ДЕАШ, кои планирале, како што е подоцна утврдено со истрагата, да извршат напади на поворката на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) која беше организирана поради судскиот процес против народниот пратеник од редовите на таа партија.
Лицето по име Огусхан К. имало за цел со возило да влета во поворката, а потоа да го искористи метежот и со огнено оружје да го усмрти претседателот на ЏХП, Кемал Киличдароглу.
Во Хатај се уапсени осуммина бомбаши-самоубијци.
Во Истанбул од слобода се лишени вкупно 29 осомничени. Меѓу нив беа 22 странски државјани. Во полициската акција во Коња дојде до оружен судир на полицијата со припадниците на терористичката организација ДЕАШ, а притоа се убиени петмина терористи и ранети петмина полицајци.
Истовремено, продолжени се судењата на терориститте кои учествуваа во претходните терористички напади, нивното извршување или планирање.