Zuhal Demirci
05 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека ја осудува (обвинувачката) одлуката на ирачкиот Претставнички дом што била донесена во врска со Турција; особено остро го осудуваме делот од донесената одлука во кој се упатуваат обвинувања против претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на турското Министерство се вели: „Ја осудуваме одлуката што ја донесоа претставниците на ирачкото Собрание на 4 октомври 2016 година. Особено остро го осудуваме делот од донесената одлука во кој се упатуваат грди обвинувања против почитуваниот претседател на Турција и сметаме дека е неприфатлива“.
Во соопштението се вели дека одлуката е донесена од држава на која Турција со години ѝ ја дава својата целосна поддршка и сметаат дека одлуката не го одразува ставот на поголем дел од ирачкиот народ.
Во соопштението се нагласува дека од самиот почеток Турција покажува одлучна борба против ДАЕШ заради заканата за сопствената национална безбедност, и во целиот период, од самото формирање на Меѓународната коалиција за борба против ДАЕШ, таа, како нејзин член, вложува енергични напори за поддршка на коалицијата, посочувајќи ги следните точки:
„Турција, која загуби илјадници свои граѓани поради терористичката закана што произлегува од Ирак, даде целосна поддршка за ирачкиот територијален интегритет, независност, за неговата стабилност и безбедност, земајќи ја предвид сета политичка и економска цена за таа поддршка. Нестабилноста во Ирак е директна последица на секташкиот пристап во земјата. Досега немало ниту една закана од страна на Турција кон Ирак“, стои во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Во врска со одлуката на ирачкиот Претставнички дом, Големото национално собрание на Турција потсети дека тоа не е нова одлука, истакнувајќи дека таква одлука била донесена и во 2007 година, кога за првпат северот од државата Ирак бил под закана од терористичката организација ПКК. Во соопштението се истакнува дека со појавата на ДАЕШ, двете организации се прошируваат и кон територијата на Сирија: „Сметаме дека е многу збунувачка одлуката на Претставничкиот дом на Ирак, во вид на нова мандатна одлука, која била изгласана и претходно, а сега е донесена во време кога тероризмот одзеде толку многу животи во Ирак и во Турција“.
Во соопштението на Министерството се истакнуваат следните точки:
„Поради заканата за националната безбедност од страна на терористичките организации, Турција го искористи правото на самоодбрана и ја спроведува борбата за заедничка иднина, прикажувајќи го својот приниципиелен став за заштита на независноста на Ирак и неговиот територијален интегритет.
Поради непријатноста што ја доживуваме во врска со одлуката на ирачкиот Претставнички дом и обвинувањата на некои ирачки официјални лица кон Турција, го поканивме амбасадорот на Ирак во Министерството во Анкара.
Ги покануваме ирачките официјални лица, во овој критичен период во борбата против ДАЕШ, да ги стават настрана придобивките од периодот по ДАЕШ, и ги покануваме, за доброто на регионот, да продолжат да соработуваат со Турција, која им ја подаде својата рака во облик на пријателство и помош“.
Ирачкото Собрание донесе одлука со која се упатуваат големи обвинувања кон Турција. Турското собрание се изјасни дека не го прифаќа продолжувањето на мандатната одлука, со што на ирачкиот амбасадор во Анкара му упати протестна нота до ирачката Влада за одлуката во која турските сили (кои на волонтерите им даваат воена обука) се опишуваат како „окупаторски сили“, ги осудуваат изјавите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и барањата за одново разгледување на трговските и економски односи меѓу двете земји.