Emin Avundukluoğlu
17 Јули 2017•Ажурирај: 18 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Турскиот парламент денеска ја продолжи вонредната состојба во земјата за уште три месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Парламентот на Република Турција го усвои предлогот на Владата за продолжување на вонредната состојба во земјата. Одлуката за продолжување на вонредната состојба ќе стапи на сила од среда.
Спомнатиот предлог го поддржаа пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и опозициската Партина на национално движење (МХП).
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим и лидерот на МХП Девлет Бахчели претходно наговестуваа дека вонредната состојба ќе биде продолжена.
Според Уставот на Република Турција, вонредната состојба во земјата може да биде продолжен на максимални шест шесеци. Вонредната состојба во Турција е воведена на 20. јули минатата година, пет дена откако терористичката организација ФЕТО го изведе неуспешниот обид за воен удар во таа земја.
Вонредната состојба е воведена поради поефикасната борба против тероризмот, а претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган неодамна рече дека вонредната состојба ќе биде укината кога веќе нема да постои потреба за борба против тероризмот и додаде дека би требало тоа да се случи во блиска иднина.
За време на вонредната состојба, претседателот на Турција и Владата имаат овластувања да донесуваат декрети без редовни парламентарни процедури, а тие декрети парламентот само формално ги ратификува откако се објавуваат во Службен весник.
Највисоките турски функционери од почетокот на воведување на вонредната состојба тврдат дека истата на било кој начин не ги ограничува слободите на луѓето, ниту пак предизвикува било какви промени во нивните секојдневни активности, туку дека се користи исклучиво како механизам за поефикасна борба против тероризмот.