Cansu Dikme
17 Јули 2017•Ажурирај: 19 Јули 2017
ЧОРУМ (АА) - Турските безбедносни сили уапсија десет ирачки државјани кои се осомничени за членство во терористичка организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Осомничените беа уапсени во провинцијата Чорум, во централниот дел на Турција, а по наредба на обвинителството им е одреден притвор.
Во текот на акцијата, полицијата заплени неколку мобилни телефони и лаптопи, кои им се предадени на надлежните органи што ја водат истрагата.
Турската полиција минатиот месец уапси 190 лица осомничени за поврзаност со терористичката мрежа на ДЕАШ.
Во последните три години, Турција и нејзините граѓани постојано беа цел на терористичките напади на ДЕАШ, во коишто загинаа најмалку 319 луѓе.
Паралелно со борбата против ДЕАШ, турските сили спроведоа и обемни операции против терористичката група ПКК, нејзините ограноци, како и против терористичката мрежа ФЕТО, одговорна за минатогодишниот обид за воен удар во Турција.