Ekipa
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
БУДИМПЕШТА (АА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан не успеа во обидот да се изгласаат уставните амандмани со кои би се спротивставил на каков било иден план на Европската Унија за распределба на мигрантите меѓу членките на европскиот блок, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес, во унгарскиот Парламент, неговата партија Фидес не успеа да обезбеди поддршка од кој било од опозицијата, така што при гласањето за антимигрантските амандмани останала „куса“ за два гласа за да го обезбеди неопходното двотретинско мнозинство.
Орбан предложи уставни промени по референдумот одржан на 2 октомври, на кој повеќе од 98 отсто од гласачите го поддржаа антимигрантскиот став на унгарската Влада. Но, референдумот не успеа поради слабиот одѕив од гласачите.
Аналитичарот Золтан Цегледи изјави дека неуспехот на Орбан претставува пораз на политиката на моќ.