Mohamed Sabry Emam Muhammed
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
КАИРО (АА) - Најмалку двајца египетски војници и 20 синајски милитанти загинаа вчера во судирите на Синајскиот Полуостров, јавува Anadolu Agency (AA).
Официр на египетската војска и воен обврзник загинаа во бомбашки напад на синајски милитанти во градот Шеик Зувејд во покраината Северен Синај, потврди за АА безбедносно официјално лице
Египетските сили на нападот возвратија од воздух имајќи го за цел милитантското засолниште во споменатиот град. Притоа убиени се најмалку 20 милитанти.
Египетската војска сè уште не ги искоментира наводите за смртта на нејзини членови.
Северен Синај во изминатите недели е средиште на чести напади од страна на милитантите во кои загинаа десетици војници.
Станува збор за египетски регион кој веќе четири години е средиште на длабока политичка и безбедносна криза. Судирите на локалната милитантска група и египетските вооружени сили се интензивирани од летото 2013 година кога со државен удар од власт е соборен демократски избраниот египетски претседател Мухамед Мурси.
Египетските сили од тогаш спроведуваат опсежни операции против вооружените милитанти на синајската теориристичка група Вилает Синај која наводно е поврзана со терористите на ДЕАШ.