Ekipa
14 Март 2016•Ажурирај: 16 Март 2016
АМАН (АА) - Меѓународниот фонд на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ) денес соопшти дека над 80 отсто од сириските деца се погодени од петгодишната војна во Сирија, каде што сè поголем е бројот на малолетници кои се принудени да работат, да се приклучат на вооружените групи и да стапат во брак млади, поради сè пораспространетата сиромаштија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од УНИЦЕФ наведуваат дека третина од сириското население е помладо од 18 години, а скоро 3,7 милиони се родени од почетокот на побуната против режимот на претседателот Башар ал-Асад, која во март 2011 година ескалираше во граѓанска војна
Во војната, според податоците на ОН, настрадаа над 250.000 луѓе а раселени се скоро половина од населението од предвоениот период, кое изнесуваше 23 милиони.
УНИЦЕФ наведува дека скоро 7 милиони сириски деца живеат во сиромаштија, дека во текот на 2015 година забележани се 1.500 тешки кршења на правата над децата, а се верува дека реалната бројка е многу поголема.