Ekipa
14 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, порача дека не планира да ја промени својата политика за бегалците, без оглед на резултатите од вчерашните избори во трите провинции во кои нејзината партија, Христијанско-демократската унија (CDU) претрпе значителни загуби, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел призна дека прашањето за бегалците доминираше на локалните избори и дека голем број гласачи сметаат дека сè уште не постои задоволително решение.
„Цврсто сум убедена дека ни треба европско решение и дека на тоа решение му е потребно време”, рече Меркел.
Портпаролот на германската канцеларка, претходно, изјави дека целта треба да биде заедничко, одржливо, европско решение што води кон материјално намалување на бројот на бегалци во сите земји членки на ЕУ.
Христијанско-демократската унија (CDU), на германската канцеларка Ангела Меркел, претрпе значителни загуби на изборите што се одржаа вчера во три сојузни покраини, додека антимиграционата Алтернатива за Германија (AFD) постигна историски успех.