Stipe Mayiç
09 Јуни 2016•Ажурирај: 10 Јуни 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Заедницата на Македонците во Хрватска денеска официјално го претстави 100-от јубилеен број од списанието „Македонски глас”, кое во се печати како гласило на македонската заедница во Хрватска од почетокот на 1993 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во зградата на Град Загреб свечено беше претставено 100-то јубилејно издание на „Македонски глас” во присуство на сегашната уредничка на списанието, Милена Георгиевска, како и тројцата уредници на претходните изданија на списанието, кое веќе 23 години е значаен дел од идентитетот на Македонците во Република Хрватска.
Во јубилејниот број објавено е и специјалното обраќање на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, која ја изрази својата целосна поддршка за зачувување на идентитетот и обичаите на македонското малцинство во Хрватска, како и Република Македонија на патот кон евро-атланските интеграции.
„Ви посакувам да продолжите со успешното промовирање на својот идентитет, афирмирајќи го своето богато културно наследство и остварувајќи ги сите свои лични аспирации”, порача претседателката, меѓу другото, во својот текст.
Уредничката на „Македонски глас” истакна дека станува збор за списание кое е, како дневник и хроника на македонската заедница во Хрватска, сигурен и важен извор на информации за нејзините припадници и промотор на македонскиот јазик и култура и националните интереси на Македонците.