Adel Ömeragiç
10 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - При пад на воен хеликоптер на Црна Гора, денес околу 13:00 часот во местото Комана, кое се наоѓа помеѓу Подгорица и Никшиќ, повредени се две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Како соопштија од полицијата, еден пилот се здоби со потешки повреди, додека другиот пилот помина со полесни повреди
При падот хеликоптерот не се запали. Спасувачките екипи се наоѓаат на лице место.